jeudi 13 décembre 2012

Важно известување до сите студенти кои ја следат мојата настава

Драги студенти
Сите веќе знаете дека сум на боледување но нема да можам да се вратам на настава пред крајот на зимскиот семестар. Сепак вториот колоквиум како и испитите (усни и писмени) јас ќе ги држам. Термините ви се веќе истакнати на мојот блог како и на страницата на ПИТ.
Наставата по Култура и цивилизација 1 и 3 со лекторката е веќе завршена и сите нејзини презентации се ставени на блогот. Значи нема да имате настава до крајот на семестарот. За кратко ќе доставам дополнителни материјали и презентации за да можеме да ја завршиме програмата.
Студентите од Катедрата за романски јазици ќе продолжат со наставата со проф. Елисавета Поповска и пред колоквиумската недела, значи пред крајот на декември ќе треба да ме контактирате преку мејл за да, исто така, ви доставам материјали преку мојот блог.
Благодарам за разбирањето
Снежана Петрова

Aucun commentaire: