jeudi 12 septembre 2019

Concours de mobilité

Почитувани, 

Ве потсетуваме дека Конкурсот за мобилност на студенти во рамките на програмата ЕРАЗМУС+ (летен семестар 2019/ 2020) е распишан. Рокот за аплицирање е најдоцна до 1 октомври.  

Во однос на студентската мобилност, заинтересираните кандидати треба да најдат соодветни предмети од странската институција што се еквивалентни на предметите од нивната студиска програма. Во однос на еквивалентноста на предметите неопходно е да се консултираат со предметниот професори. Согласноста од предметниот професор за еквивалентност на предметните програми, се потврдува со потпис во договорот (Learning Agreement) во двете табели. Со тоа професорот гарантира дека доколку студентот го положи предметот таму, ќе му биде призната оценката овде. 

На нашата веб-страница има и Упатство за студентите. 

Срдечен поздрав, 
Деканат на Филолошкиот факултет