vendredi 6 octobre 2017

ПРАКСА или П О В И К за учество во Програмата за менторство на ЗПРМ и ФлФ

Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ) и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (ФлФ) објавуваат

П О В И К
за учество во Програмата за менторство на ЗПРМ и ФлФ

Програмата за менторство на ЗПРМ и ФлФ е осмислена како одговор на оскудните можности за пракса за студентите по преведување и толкување во нашата земја. Таа е замислена да служи како мост меѓу академскиот и професионалниот живот на овие студенти. Преку симулација на автентичен професионален ангажман, Програмата им нуди можност на студентите да дојдат во контакт со искусни колеги, да соработуваат и да учат од нив и одблиску да добијат вистинска слика за сите аспекти на професијата преведувач/толкувач.
Право на учество имаат студентите на четврта година од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје на Катедрата за преведување и толкување или на насоките за преведување/толкување од другите катедри на Факултетот. Учеството во Програмата е доброволно. Студентите не добиваат финансиски надомест за своето учество во Програмата.
Програмата се реализира со преведувачи/толкувачи волонтери кои се членови на ЗПРМ.
Пријавувањето се врши со пополнување на формуларот кој се наоѓа на следната врска:
Изборот на студентите се врши на принципот „прв дојден, прв услужен“.
Во првиот циклус од Програмата е опфатено само преведувањето, и тоа за следните јазични комбинации:
-       македонски – англиски – 5 слободни места
-       македонски – италијански – 1 слободно место
-       македонски – шпански – 1 слободно место
-       македонски – хрватски – 1 слободно место
-       македонски – албански – 1 слободно место
Еден циклус трае еден семестар, а во тој период студентите добиваат можност активно да работат најмалку еден месец. На крајот од циклусот, студентите добиваат потврда од ЗПРМ за успешно учество во Програмата. ФлФ ја прифаќа таа потврда како доказ дека студентот го исполнил условот за извршена пракса во тековната академска година.
Рокот за пријавување е до: 15.10.2017 г.

Ве очекуваме! J