Ве известуваме дека Деканатската управа на последната седница што се одржа на 13.11.2019 г. зазеде став дека студентите што презапишале предмет треба да добијат потпис независно од тоа дали ќе посетуваат настава.
Оваа одлука се донесе поради тоа што доаѓа до преклопување на некои предмети и поради тоа што во одредени случаи не сме во можност да организираме посебна настава за презапишани предмети.
Срдечен поздрав,
Деканат на Филолошкиот факултет