mercredi 1 novembre 2017

Коллоквиуми во зимскиот семестар 2017/2018 година

Почитувани студенти
сакам да ве известам дека ќе одржам колоквиум:

- за студентите по Француска книжевност: Просветителство и предромантизам на 17 ноември 2017 (петок) од 11.20 до 14.35 (сеуште незнам во која просторија) но договорно место пред Библиотеката за романски јазици и книжевности

- за студентите по Култура и цивилизација на француски јазик 1 на 16 ноември 2017 (четврток) од 9.40 до 12.55. (сеуште незнам во која просторија) но договорно место пред Библиотеката за романски јазици и книжевности

- за студентите по Култура и цивилизација на француски јазик 3 на 17 ноември 2017 (петок) од 11.20 до 14.35 (сеуште незнам во која просторија) но договорно место пред Библиотеката за романски јазици и книжевности



ВАЖНО: имаат право на колоквиум студентите, кои прв пат го слушаат предметот, и кои до 16 ноември односно до 17 ноември немаат повеќе од 3 неоправдани отсуства

ВАЖНО за студентите кои го преполагаат односно го преслушуваат предметот и кои се во работен однос (само во работен однос)

Еве што беше решено на катедрата ПИТ. 
Следи порака од раководителот на Катедрата за ПИТ 

Почтиувани колеги, 

со оглед на тоа дека почнува наставата, а некои од колегите имаа прашања во врска со третманот на оние студенти на Катедрата за ПиТ кои се во работен однос и кои не можат да посетуваат настава по презапишани предмети, би сакала да ве потсетам на одлуката која сме ја донеле на состанокот на катедра одржан на 27.10.2017. 

Имено, во записникот стои дека „со оглед на тоа што на катедрата нема можност за запишување вонредни студенти, студентите кои се во работен однос и кои не се во можност да посетуваат настава по презапишани предмети ќе имаат ист третман како и останатите студенти, односно тие нема да можат да ги добијат поените за присуство и активност на час доколку не ја посетуваат наставата. Писмените испити за нив нема да се составуваат на 100 поени, туку ќе бидат на ист принцип како и за останатите студенти. Присутните колеги се согласија дека е важно сите наставници да се придржуваат до одлуката и да не се прават никакви отстапки“.

Во врска со тоа дали можат да се јавуваат на колоквиуми, лично сметам дека не треба да им ја скратиме оваа можност со оглед на тоа дека немаат можност да добијат поени за присусво и активност на час. 

Записникот во кој стои одлуката е во прилог. 


Срдечно, 
доц. д-р Катарина Ѓурчевска Атанасовска
раководител на Катедрата за ПиТ

Aucun commentaire: