lundi 31 octobre 2016

кој има право на колоквиуми и како студентите ќе бидат оценети?

Драги студенти
На 27.10.2016 година имавме состанок на катедрата за ПИТ каде то беше разгледано прашањето за "заземање став во однос на третманот на студентите на катедрата кои се во работен однос и кои не се во можност да посетуваат настава по презапишани предмети"
Еве што беше решено:

,,Во однос на последната точка, присутните донесоа одлука дека со оглед на тоа што на катедрата нема можност за запишување вонредни студенти, студентите кои се во работен однос и кои не се во можност да посетуваат настава по презапишани предмети ќе имаат ист третман како и останатите студенти, односно тие нема да можат да ги добијат поените за присуство и активност на час доколку не ја посетуваат наставата. Писмените испити за нив нема да се составуваат на 100 поени, туку ќе бидат на ист принцип како и за останатите студенти. Присутните колеги се согласија дека е важно сите наставници да се придржуваат до одлуката и да не се прават никакви отстапки.
Во рамките на точката евентуалии, се дисутираше и за тоа дека е важно наставниците да се придржуваат до термините за одржување колоквиуми и колоквиумите да не ги изведуваат вон колоквиумските недели, бидејќи на тој начин се пролонгира времето за кое студентите не доаѓаат на настава по предметите за кои не се предвидени колоквиуми".

доц. д-р Катарина Ѓурчевска Атанасовска                                                                                       27.10.2016
раководител на Катедрата за ПиТ



Значи ќе ве оценувам на 100 бода, а испитот ќе биде на 60 бода + усниот кој ќе биде на 20 бода.
но исто така студентите кои веќе го имаат слушано предметот а не доаѓаат редовно на часови,  затоа што се во работен однос (имаат доставено потврда од работа), само за оваа учебна година, ќе имаат право на колоквиуми.  

Aucun commentaire: