lundi 8 juin 2015

Информации за студентите од катедрата за ПИТ кои треба да го полагаат предметот Култура и Цивилизација на француски јазик 4 кај Летиција на 10 јуни 2015

Писмениот испит е на 10 јуни од 16.00 до 18.00 часот.
Сите што го пријавиле испит за оваа сесија треба да го полагаат тој ден освен тие што веќе го положиле предметот преку колоквиум.
На 11.06.2015 година во 8.00 на утро ќе бидат истакнати резултатите кај кабинетот на лекторката. Во 8.00 сите можете да дојдете на увид, но исто така сите тие што го положиле предметот треба да полагаат устен испит од 8.00. Сите доедет во тоа време.
Како што веќе ви било објаснато во април месец и повеќе пати после тоа, лекторката ги очекувала и уште ги очекува вашите трудови кои треба да бидат пратени на нејзиниот мејл (laetitiap91@hotmail.com) и тоа до 11.06. 2015 година најдоцна до 20.00 часот. Значи истиот ден со усниот испит.
Усниот испит се полага посебно но на база на истата тема од трудот. Значи го презентирате трудот и плус имате некое дополнително прашање во врска со материјалот од семестарот но повторно поврзано со трудот. Сепак може да го полагате прво усниот испит а потоа да го испратите трудот, ако сакате, но најдобро и полесно би ви било тоа да го сторите пред усниот испит.

За студентите кои нема да успеат да го положат  испитот  по Култура и Цивилизација на француски јазик  4 во текот на оваа сесија ќе можат да го полагаат следната сесија. Трудот треба да биде пратен на мејлот на лекторката до 15 август. Ако тоа не го направат ќе добијат 0/10 за тој дел од испитот. Писмениот испит ќе биде оценет на 80 бода значи ќе има дополнителни односно додадени посебни неколку слободни прашања заради фактот што нема да можете да полагате усно кај мене.

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПИСМЕНИОТ ИСПИТ СЕ ИСТАКНАТИ и МОЖЕТЕ ИСТО ТАКА ДА ГИ НАЈДЕТЕ НА МОЈОТ БЛОГ 

Се надевам дека бев јасна
Со среќа
Снежана Петрова


Aucun commentaire: